Стефан Атанасовски замина од Пролет

Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски и тимот на Пролет нема да ја продолжат соработката за наредната сезона.

Атанасовски дојде во Пролет во јануари годинава и остави добар впечаток во тимот што се избори за опстанок во елитната конкуренција од првото место.

25-годишниот Атанасовски минатата сезона ја почна во тимот на Раховеци во косовскиот шампионат, имаше одлични партии и резултати со оваа екипа, но по заминувањето на македонскиот стратег Андоновски од кормилото реши да го напушти овој клуб и се врати во Македонија.

Тој претходно има настапувано и во шампионатите на Катар и на Саудиска Арабија, а кариерата ја почна во школата на Вардар, настапуваше за втората и првата екипа на скопските „црвено-црни“. Кружниот напаѓач во својата кариера беше дел и од Куманово.