По тренерот Горан Андоновски, косовскиот шампион Раховец го напушти и вториот Македонец.
Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски не е повеќе член на Раховец и кариерата ќе ја продолжи во друга екипа.
Македонскиот интернационалец беше дел од екипата што оствари 13 победи на 13 меча во Косово, освои трофеј во Супер Купот, а имаше добар настап и во Европа.
Пред трансферот во Раховец, Атанасовски играше во редовите на Куманово и имаше значајна улога во обезбедувањето на опстанокот.
Високиот пивот играше за Вардар Јуниор, Работнички, беше дел и од првиот тим на Вардар, а имаше и интернационално искуство во Ал Араби и Ал Мудар.