Младинската женска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Светското првенство на домашен терен на 16 позиција. Избраничките на Дарко Јанев победија две неевропски селекции – САД и Ангола, ремизираа со Португалија и загубија четири пати од Црна Гора, Исланд, Кореја и Кина.
Треба да се одбележи дека оваа селекција беше ослабена со неиграњето на цела бековска линија – Бојана Коцева, Марија Јанкуловска, Теодора Дукоска, Нена Нестороска…а повредени беа и Ива Велкова, Александра Коловска…Со сите овие ракометарки сигурно ширината на ростерот ќе беше поголема и селекторот ќе имаше повеќе опции особено во напаѓачката формација.
По мечот со Кина, ќе ги сумираме и статистичките податоци на македонските репрезентативки. Најдобар стрелец е Емилијана Ризоска, која постигна 35 погодоци со реализација од 63%, а најмногу голови се постигнати од контра, 13 со само едно промашување.
Кога сме кај реализацијата, најдобар процент има Борјана Коцева – 75%, а постигна 30 голови од 40 обиди. Новата ракометарка на Металург Автокоманда е одлична кога се работи за погодоци со пробив на линијата од шест метри, 26/34, а исто така од контра реализираше три пати од три обиди.
Ива Младеновска постигна 33 погодоци, со реализација од 49%, додека Сара Стефаноска имаше 24 голови, со реализација од 50%. Останатите бекови – Богојеска, Кралева, Ѓорѓиевска и Величковска немаа премногу простор за игра и постигнаа десет гола од 31 обид. Борјана Коцева настапи само кратко на мечот со САД и даде еден гол.
Реализацијата на крилата Ризоска, Радевска, Миленкоска, Равојска и Павлова е 45%, додека уште послаба е онаа од бековската линија, 34%. Триото пикери Мифтари, Попова и Трпеска имаат одлични бројки зад себе со 75% реализација.
Најдобри асистенти во македонската репрезентација се Борјана Коцева со 18 и Ива Младеновска со 16 асистенции, додека Стефаноска беше асистент 12 пати на ситуации кои завршиле со гол во мрежата на противникот.
Најмногу грешки, логично, има триото бекови Коцева, Стефаноска и Младеновска – вкупно 75 на седум меча, Коцева и Стефаноска имаат и најмногу украдени топки од ривалките – вкупно 17, а Коцева има изнудено најмногу пенали и исклучувања кај противничките ракометарки.
Статистика на македонските голманки – Матеја Чурлиновска, Вероника Ѓорѓиевска и Марија Јовановска, може да ја погледнете подолу…
СВЕТСКО, А НАШЕ: Чурлиновска е во ТОП 6 голмани на Мундијалот!