Mедитеранското првенство за кадетки стартуваше во текот на вчерашниот ден во Црна Гора и ќе се игра до 22 февруари, но без Македонија.
Иако РФМ можеше да ги пријави кадетките на ова натпреварување, сепак не го направи тоа, па новата генерација репрезентативки ќе остане без драгоцени проверки пред настапот на Европското првенство во август во Црна Гора.
На Медитеранските игри ќе настапат 13 селекции. Покрај домаќинот Црна Гора, во групата А се уште Хрватска, Словачка, Тунис, Италија, Турција и Косово, додека во групата Б се Србија, Романија, Шпанија, Грција, Кипар и Словенија.
Натпреварите во Црна Гора ќе се играат во три периоди од 15 минути, а победникот во секој од периодите добива еден поен, додека во случај на реми двете селекции делат по 0,5 поени. На крајот од трите периоди, победникот добива два поени.
Македонија последен пат беше дел од Медитеранското првенство во машка конкуренција во 2020 година во Грција.