Овој викенд започнува и новата сезона во женската пионерска лига, во која ќе учествуваат 12 екипи.
Оваа сезона за разлика од лани ќе се игра само регуларен дел, екипите ќе играат еднокружно, па по 22 кола ќе биде познат шампионот.
Актуелниот првак Ѓорче Петров ја почнува сезоната на гостински терен кај Јехона во Гостивар, додека третопласираниот тим Астибо ќе го пречека Кале Кичево.
Пионерки, 1 коло, распоред на натпревари:
20/09, 12:00, Вардар – Шампион
20/09, 12:00, Астибо – Кале Кичево
21/09, 11:00, Металург Автокоманда – Илинден Вардар
21/09, 13:00, Охрид – Струга
21/09, 14:00, Чаир – Спартак
21/09, 19:00, Јехона – Ѓорче Петров