Стартува прволигашката сезона – Еурофарм Пелистер 2 фаворит за елита, другите чекаат од позадина

Претстојниот викенд ќе стартува и новата сезона во прволигашкото друштво, но наместо најавените 18 екипи, ќе играат 17 по откажувањето на некогашниот македонски првак – Борец, поделени во две групи.

Најдобрите пет екипи од секоја група ќе обезбедат место во плеј-офот, во кој ќе се пренесуваат бодовите од натпреварите со екипите од истата група што се пласирале во разигрувањето за Супер лига.

Најголем фаворит за местото во елитната конкуренција е Еурофарм Пелистер 2, а своја шанса од позадина и пласман во плеј-оф ќе чекаат Младост Богданци, Аеродром, Драчево, Скопје…

Тука се и Јехона, Металург РА, Македонија ЃП, Вардар Неготино…а сигурно дека од борба нема да се откажат ниту останатите екипи, иако повеќето од нив имаат ослабени и скратени ростери за новата сезона.

Прва лига, 1 коло, распоред:

група А
21/09, 12:00, Аеродром – Овче Поле
22/09, 15:00, Јехона – Мулти Есенс
22/09, 18:00, Астраион – Металург РА
Еурофарм Пелистер 2 слоб.
Кичево слоб.

група Б
22/09, 13:00, Шампион – Партизан Гевгелија
22/09, 18:00, Преспа Вардар – Драчево
22/09, 19:00, Македонија ЃП – Младост Богданци
24/09, 18:30, Вардар Неготино – Текстилец
Скопје слоб.