Стартува ЕМОФ 2025 – кадетите на мегдан на Хрватска, кадетките против Исланд

Денеска во СРЦ „Кале“ и во СЦ „Јане Сандански“ ќе стартуваат ракометните турнири на Европскиот младински олимписки фестивал.

Машката кадетска репрезентација ќе се соочи со селекцијата на Хрватска, додека дамите ќе играат против Исланд.

Избраниците на Горан Кузманоски се во група уште со Шпанија и Исланд, додека избраничките на Даниел Новеска ќе играат уште и против Швајцарија и Норвешка.

Девојчињата ги играат сите натпревари во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 16:00 часот, додека момците се стационирани во СРЦ „Кале“ и ќе играат секој ден од 18:15 часот.

Влезот за сите натпревари е бесплатен, а поддршката за двете наши селекции ќе биде од голема важност.