Девет селекции денеска ќе го започнат својот пат кон пласманот на Европското првенство 2026 година во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Ќе се играат три претквалификациски турнири со по три селекции, а само победниците ќе се пласираат во квалификациите за континенталниот собир каде ќе има 24 репрезентации, а таму веќе чекаат 21 селекција, меѓу кои и Македонија.
Селекцијата на Малта со двајца Македонци во стручниот штаб – Перо Арсоски, некогашен ракометар на Струга и Бети Петковска, екс членка на Куманово и Гевгелија, ќе се обиде да им ги замрси сметките во групата 2 на Бугарија и Литванија, кои би требало да се борат за првото место и пласман во квалификациите.
Женската репрезентација на Македонија е директно пласирана во квалификациите за ЕП 2026, а ждрепката ќе се одржи на 21 март, па нашите дами тогаш ќе ги дознаат ривалите.
Македонија би требало да биде дел од вториот шешир и ќе добие условно две послаби селекции за противници.
ЕП 2026, претквалификации, распоред:
група 1 (Босна и Херцеговина)
Босна и Херцеговина
Велика Британија
Естонија
група 2 (Бугарија)
Литванија
Бугарија
Малта
група 3 (Кипар)
Луксембург
Кипар
Белгија