Ристовска кон Ѓорѓиевска: Само ние знаеме низ се што поминавме…

Натпреварите со Шведска, Турција и Унгарија беа последните во репрезентативната кариера на досегашниот капитен Елена Ѓорѓиевска.

Десниот бек настапуваше досега на пет големи натпреварувања, а нејзина наследничка ќе биде десното крило Сара Ристовска.

Тие две повторно ќе соработуваат, но Ѓорѓиевска отсега ќе биде само покрај аут-линијата. Ристовска се заблагодари за сите заеднички мигови како колешки на теренот.

„Само ние знаеме низ се што поминавме. Фала ти што ме порасна и фала за сите заеднички денови поминати во репрезентацијата“, напиша Ристовска.

Следен предизвик за женската репрезентација ќе биде бараж двомечот за пласман на СП 2025, а ривалот ќе го дознаеме на 14 декември.