Tjaša STANKO, Slovenia vs. Germany, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 11.12.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Станко ја предводи листата на стрелци на ЕП, следуваат Јауковиќ, Клујбер, Шмид…

По завршувањето на главната фаза на Европското првенство 2024, лидер на стрелците е репрезентативката на Словенија, Тјаша Станко, која на седум одиграни натпревари запиша 48 гола.

Зад Станко се наоѓа Црногорката Ѓурѓина Јауковиќ со гол помалку, односно 47, но двете ракометарки со своите репрезентации настапот на континенталниот собир го завршија уште во главната фаза.

Катрин Клујбер од Унгарија има големи шанси да стане најдобар стрелец на Европското првенство 2024, бидејќи зад своето име има запишано 46 гола, а до крајот на шампионатот треба да одигра уште два натпревари.

Утре на програмата на Европското првенство се полуфиналните натпревари, како и натпреварот за петто место, додека в недела (15 декември) е финалниот ден.