Репрезентациите на Словенија и Србија на првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство одиграа без победник, 29:29.
Србија со повратничките – Лекиќ, Томашевиќ Цвијиќ…иако имаше гол-два предност во последните десет минути, сепак, домаќинките на дваесетина секунди пред крајот со голот на Јуриќ се изборија за реми.
Освен Војновиќ, во репрезентацијата на Словенија расположена беше и Таша Станко. Левиот бек едноставно беше незапирлива, натпреварот го заврши со 14 погодоци.
Кај Србија прво име беше Андреа Лекиќ со седум погодоци, а ја следеше Јована Јововиќ со шест и Анѓела Јањушевиќ со пет.
Реваншот меѓу двете репрезентации ќе се одигра на 13 април во српскиот град Бор.
Романија веќе со една нога се наоѓа на Мундијалот, откако ја совлада Италија на првиот натпревар со девет гола разлика, 30:21.
И Швајцарија забележа убедлива победа, триумфираше над Словачка со 38:22, па така реваншот ќе биде само формалност.