Организаторите на Олимписките игри во Париз се пофалија со срушен рекорд во продажба на билети.
На две недели пред отворањето на игрите, продадени се повеќе од 8,6 милиони билети за сите натпревари.
Претходниот рекорд беше поставен на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони билети.
Организаторите очекуваат дека продажбата до стартот на натпреварите во сите спортови ќе се искачи до 10 милиони.
Ракометниот турнир во женска конкуренција започнува на 25 јули, мажите стартуваат на 27 јули, а бранители на титулите се двете селекции на Франција.