Норвешката репрезентативка Хени Реистад, која ги брани боите на данскиот Есбјерг сруши рекорд стар 28 години!
Таа стана најдобар стрелец на сите времиња во една сезона во најелитната конкуренција, откако постигна 154 голови.
Норвежанката ја замени на врвот некогашната руска и шпанска репрезентативка Наталија Морскова, која цели 28 години беше прва на вечната листа со досега постигнати 150 голови.
Морскова овие погодоци ги постигна во сезоната 1996/97 кога ги бранеше боите на шпанската Валенсија, но тогаш средниот бек одигра 14 натпревари.
За разлика од Морскова, Реистад во штотуку завршената сезона, 154 погодоци постигна на 18 меча.