Срдановиќ од пенал му донесе бод на Вардар на Исланд

Марко Срдановиќ со пенал во последната секунда му донесе бод на Вардар на гостувањето на Исланд, играјќи 34-34 против Валург. Можеа „црвено-црните“ и да победат, но и да загубат, а пеналот беше досуден во последните секунди поради намерно играње со нога и задржување време на еден играч на домашните.

Вардар беше без неколку клучни играчи Вардар. Поради повреди во Скопје останаа голманот Еспиња, пивотменот Лазаревски, бекот Борозан, а имаа и долго патување во Рејкјавик поради лошите авионски лини.
Во Исланд незгодно гостување имаше и Порто кој загуби бод, играјќи 27-27.

На Вардар му требаа 40 минути за да поведе првпат на средбата со Валур, кога Марко Срдановиќ погоди за водство 24-23.
Можеше Вардар да ја држи таа предност, но при резултат 24-24, Родригез утна контра, а во следниот напад Валур повторно поведе, 25-24.

И кратко траеше надежта на Вардар бидејќи она што „црвено-црните“ не успеваа да го реализираат Валур знаеше да го искористи, па во 48 минута водеа со 29-26. Намали Вардар на 27-28, но по голот на Танкоски, тој беше исклучен 2 минути, па повторно разликата беше „плус 2“ за Валур.

Последните девет минути Валург влезе со предност, но после одлична одбрана на Вардар и на Гогов, и тоа со играч помалку, „црвено-црните“ добија шанса, и Коиј израмнува на 30-30 во 53 минута. И пак , со неискористување на шансите, на спротивната страна Валург реализира за „плус 2“ и ново водство, 32-30.

Ако Валур мислеше дека е готово, така не мислеа ракометарите на Вардар, па брзо вратија и израмнија на 32-32, во 57 минута. Добрата серија на Вардар прородлжи, и Јагуриновски на контра по вторпат поведе, со 33-32, по што Валур мораше да бара тајмаут. До крај на средбата остануваа нецели 3 минути.

Брзо реализираше Валург, а во следниот напад голманот Густафосн со својата 15 одбрана му фати топка од крило на Срдановиќ.
Откако Густафсон беше исклучен, Валург играше без голман, и погоди за израмнување, 33-33.
Гогов брани топка, со играч помалку поисклучувањето на Мело. и на 80 секунди до крај имаа напад за ново водство. Но, по дпасивна игра Јагурновски шутн апокрај гол