Левото крило Марко Срдановиќ ја продолжи соработката со Вардар на уште три сезони и ќе остане во „црвено-црниот“ тим најмалку до 2026 година.
Српскиот интернационалец вели дека доаѓањето во Вардар му беше најдобар потег во кариерата.
„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат“, вели Срдановиќ.
Тој е еден од неколкуте нови играчи што сезонава дојде во Вардар, и веднаш се вклопи во тимот. Вардар моментно е првопласиран во Б групата и повеќе од сигурно ќе пренесе три бода во разигрувањето за титулата.