Србите пак менуваат селектор!

Женската репрезентација на Србија ќе добие нов предводник по краткиот мандат на Шпанецот Хозе Игнасио Прадес.

Иако Шпанецот имаше договор до крајот на 2026 годдина, сепак 12 место на СП 2025 не ги задоволи челниците на српскиот ракомет, па решија да му се заблагодарат за соработката.

Негова наследничка треба да биде Сандра Колаковиќ, некогашна репрезентативка на Југославија, пишува „Моцарт Спорт“.

Колаковиќ ќе се врати на кормилото на женската репрезентација по 20 години, откако ја водеше Србија на ЕП 2006 година. Легендарната Колаковиќ долго време беше дел од Будуќност, а играше и за Крим со кој стана европски првак во 2003 година.

Работеше во младинските категории на Будуќност, како и во тимот на Медицинар Шабац.

Србинките три години беа водени од Урош Брегар, потоа кратко време од Бент Дал и Хозе Игнасио Прадес, но сега веројатно дојде моментот за домашно решение на клупата.

Колаковиќ би требало да дебитира на двомечот со Шведска од квалификациите за ЕП 2026, каде Србија досега има две победи против Украина и Литванија и практично обезбеден пласман на континенталниот собир.