Иако веќе извесен период низ српските медиуми се пишуваше дека РСС бара нов селектор за машката сениорска репрезентација, сепак, на селекторската функција останува Борис Ројевиќ.
Според информациите на српскиот портал „Моцарт спорт“, новото раководство на српската ракометна куќа одлучило да не менува ништо во стручниот штаб на „орлите“, па така Ројевиќ останува на позицијата селектор.
Имиња од типот на Талант Душебаев и Раул Гонзалез беа во потесниот круг како потенцијални кандидати за преземање на селекторската функција, но РСС 12 до 5 одлучи Ројевиќ да си го одработи договорот.
Тренерот на Војводина со РСС има активен договор до 2028. По пропуштениот обид за пласман на Мундијалот 2025, сега Србија се врти кон квалификациите за ЕП 2026.
Ривали на Србија во квалификациите за пласман на континенталниот собир 2026 се репрезентациите на Шпанија, Летонија и незгодната Италија.