ФОТО: RSS

Србите најдоа замена за Вујин

Ракометниот сојуз на Србија соопшти дека нов спортски директор на машката сениорска репрезентација е Младен Бојиновиќ.

Некогашниот ас на Монпелје доаѓа на местото на екс ракометарот на Вардар, Марко Вујин, кој пред извесен период поднесе оставка од функцијата спортски директор на „орлите“.

Бојиновиќ работи како спортски советник на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, но тоа не го спречи да ја прифати понудата од РСС.

Во својата богата кариера Бојиновиќ настапуваше за Адемар Леон, Барселона, Монпелје, ПСЖ и Борац Бања Лука.

Со тимот на Монпелје во сезона 2002/23 ја освои титулата во Лигата на шампионите, во овој клуб настапуваше од 2002 до 2012 година.