Србите тврдат: Да Силва потпиша за Вардар!

Српскиот „Моцарт Спорт“ го потврди тоа што одамна кружи низ ракометните кругови – бразилскиот репрезентативец Жоао Педро Да Силва потпиша за Вардар од идното лето.

Тој има активен договор со српскиот вицепрвак Војводина до крајот на оваа сезона, но тимот од Нови Сад посакува да го раскине на полусезона поради финансиски причини, особено сега кога се елиминирани од Европа.

Според српскиот медиум, по поразот кај Целје, отказ добил тренерот на голмани и екс голман на Металург, Ненад Дамјановиќ, а на ред е „чистка“ во играчкиот кадар. Прв на таа листа е Да Силва, кој нема одиграно официјални натпревари поради повреда, а настапи на претсезонскиот турнир во Скопје.

Владан Матиќ останува предводник на клубот, а Војводина ќе се обиде да им се врати на победите на мечот од домашното првенство против Црвена Звезда.