Србите бесни на организаторот: „Незапаметен скандал, брука, ова не е првпат…“

Во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, селекцијата на Србија загуби од Шпанија со 29-27, иако Србите во финишот можеа да и направат проблеми на „фуријата“.

Но српските медиуми се гневни на организаторот и на медиа тимот поради грешката на објавата за резултатот од полувремето.

„Информер“ пишува: Брука на организаторот – Србија ја помешаа со друга држава! Ова не е првпат.

„Курир“ објави: Скандал во текот на мечот меѓу Србија и Шпанија! Организаторите жестоко се посрамотија!

Во текот на интонирањето на химната на Србија на големиот екран во салата исто така беше покажано погрешно знаме на нашиот северен сосед.

„Мондо“ објави: Наместо службеното знаме на Србија, прикажана беше тробојница со грб на кој се наоѓа двоглав орел, но со црни детали кои не постојат на српското знаме!