Со доделената вајлд-карта од страна на Светската ракометна федерација, комплетиран е списокот на 32 учесници на претстојниот младински Мундијал во Македонија.
Откако селекцијата на Нов Зелан го откажа учеството на Светското првенство, ИХФ и додели вајлд-карта на Србија.
Србинките беа дел од квалификациите за овој Мундијал, но загубија од Шпанија и Хрватска, а ги победија Италија и Фарски Острови и не обезбедија место на СП тогаш.
Сега избраничките на Лилјана Марковиќ, некогашната членка на Кометал Ѓорче Петров, добија втора шанса за настап на СП.
Србинките ќе бидат дел од групата Ф заедно со селекциите на Франција, Германија и Шпанија.