Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонските претставници во оваа фаза од натпреварувањето се шампионот Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
Ѓорче Петров ќе ги одигра дуелите со шпанскиот Елче во Скопје на 8 и 9 ноември точно на пладне од 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а тие натпревари ќе ги судат Софија Петровиќ и Лана Зрниќ од Србија, додека делегат е Тамар Чоговадзе.
Металург Автокоманда на 8 ноември гостува кај хрватскиот Сплит. Натпреварот во „Грипе“ што започне од 18:00 часот ќе мине во арбитража на Алиша Мартин и Катарина Силва од Велика Британија, додека делегат е Словакот Јарослав Ондогречула.
Реваншот меѓу македонскиот и хрватскиот претставник е закажан за 16 ноември од 15:00 часот во салата во Автокоманда. Ќе го судат Маријан Казан и Гесур Сулиман од Романија, а делегат е Тијана Мартиновиќ од Босна и Херцеговина.

























