СП младинки: Србија убедливо загуби од Германија, Франција го доби дербито со Шпанија

Денеска во Македонија стартуваше Светското младинско првенство, а на првиот ден беа одиграни сите натпревари од првото коло.

Македонската репрезентација на првиот ден имаше лесна задача против САД, триумфираше со високи 32:15 (15:6).

Од групата Х, во која се наоѓа Македонија, репрезентацијата на Исланд славеше над Ангола со пет гола разлика, 24:19.

На останатите натпревари победа остварија репрезентациите на Јужна Кореја, Унгарија, Швајцарија, Португалија, Романија, Египет, Чешка, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка, Германија, Црна Гора и Франција.

Утре со натпреварот меѓу Чиле и Швајцарија, односно Египет и Тунис, ќе стартува второто коло на младинскиот Мундијал.