Селекторот на Србија, Тони Херона, го објави скратениот список на ракометари пред стартот на подготовките за Европското првенство 2024 во Германија.
На поширокиот список Херона имаше шестмина ракометари кои играат во моментов во Македонија – четворица вардарци и двајца пелистерци.
Дарко Ѓукиќ, Mарко Срдановиќ, Стефан Петриќ и Матија Николиќ од „црвено-црниот“ тим не се најдоа меѓу избраните, но затоа на списокот се двајцата ракометари на шампионот Еурофарм Пелистер.
Левиот бек Урош Борзаш и десното крило Богдан Радивојевиќ се меѓу 20 ракометари што ги избра Херона.
Србија е во незгодна група со Унгарија, Исланд и Црна Гора.