Србија победи на „Марко Божиновски“ – Николовски е нај-голман, Ѓорѓиески е нај-стрелец

Двете репрезентации на Македонија, ги освоија второто и третото место во конкуренција нашест репрезентации.

Репрезентацијата на Србија е победник на 4. издание на турнирот „Марко Божиновски“ откако во финалето ја победи Македонија со 32-27 (16-13). Третото место го освои Б репрезентацијата на Македонија која со 27-25 го победи Катар.

Најинтересно беше во мечот за 5. место каде дури по изведување пенали БиХ ја победи Романија, со 38-37. На турнирот беа доделеи четири индивидулани награди.

МВП – Александар Стојковиќ (Србија)
Најдобра стреелц: Ријад Халиловиќ (БИХ)
Најдобар голман: Ѓорѓи Николовски (Македонија)
Најдобро лево крило: Стефан Ѓорѓиески (Македонија)

Александар Стојковиќ – МВП
Стефан Ѓорѓиески – најдобро лево крило

Во мечот за прво место гостите од Србија имаа водство во текот на целиот меч. Повеќепати доаѓаа нашите млади ракометари на негатива од 2-3 гола, но немаа сили за пресврт. Ѓорѓи Николовски одбрани три пенали и многу зицери, ама колегите во напад немаа концентрација да го претворат тоа во гол.

За Македонија ова е добар резултат ако се знае дека репрезентацијата е првпат селектирана пред неколку недели, и имаа краток период за воигрување. За разлика од нас, другите репрезентации, особено Србија која веќе неколку години заедно играа и се подготвуваат.