Србија побара вајлд-карта за СП 2025

Српската ракометна федерација официјално се обрати во Светската ракометна федерација и побара вајлд-карта за настап на Мундијалот во 2025 година.

Нема сомнеж дека тоа ќе го сторат и федерациите на Фарски Острови, Швајцарија, Словачкa, Грузија…кои беа елиминирани во баражите за СП.

ИХФ има(ше) на располагање две вајлд-карти, едната е веќе доделена на САД за првенствата во 2025 и 2027 година, додека втората треба да биде доделена оваа недела.

Од Европа ќе играат 17 репрезентации заедно со домаќините, а познати се вкупно 31 учесник на светскиот собир во Хрватска, Данска и Норвешка.

Ждрепката за групите ќе се одржи во Загреб од 17:30 часот.