
Србија ја забележа првата победа во групата Б, откако ја шокираше Германија со резултат 30-27(17-13) во неизвесен и драматичен меч во кој одлучуваа нијанси. Германците ја имаа иницијативата и поддршката од трибините во текот на целиот натпревар, Србите се заканија на неколку пати и влејаа надеж дека можат повеќе, но промашените „зицери“ не им дозволија да дојдат до посакуваната предност се до финишот на натпреварот, кога го свртеа резултатот и поведоа со три недостижни голови разлика.
Неизвесноста на почетокот траеше една четвртина кога низа грешки на српскиот напад и брзи голови на спротивната страна ги одвоија двете екипи на четири голови разлика. Србија имаше свои прилики да се врати во игра, минималната предност на германските репрезентативци беше загрозена, но избраниците на Раул Гонзалес во последните пет минути од првото полувреме брзоплето ги губеа топките во напад, а расположениот Шлуроф беше прецизен од далечина за разлика од четири голови со која се замина и на полувреме, за 17-13.

Второто полувреме започна со гол на Гермаците, разликата се одржуваше десетина минути кога Србија искорсти два напада за да ја врати неизвесноста. Во 41. минута Србите имаа два напада за да го изедначат резултатот, а Врокапиќ го реализираше вториот за 20-20 и тајм аут на клупата на Германија. По тајм аутот Србија имаше напад за пресврт, но не го искости, а непрецизниот удар од контра ги врати Германците на посакуваната минимална предност (20-21). Но ниту одбранетиот пенал на Вулф не успеа резултатски да ги одалечи германските ракометари, напротив три грешки во нападот и четири прецизни удари на спротивната страна ја одведоа Србија на плус два или 23-21 на десет минути до крај на натпреварот. Во период кога секоја грешка скапо чинеше, Србија возврати со две технички грешки и им дозволи на „панцирите“ повторно да се вратат во игра и да го израмнат резултатот. Германија дури и го презема водството, а гол плус се одржуваше до самиот финиш. На пет минути до крајот Германија имаше напад за да го реши победникот на овој дуел, но техничка грешка и пенал направен над Вања Илиќ во полн трк од контра напад ја врати Србија во игра. Гермнаија не го помина Милосављев, а Марсениќ од чиста позиција и донесе ново водство на Србија од 26-25. Германците во следниот напад погодија, но селекторот Гисласон беше побрз од ударот на Шлуроф, па место гол по видео асистенцијата досуден беше тајм аут за Германија. Во следниот напад нова грешка на Германците им овозможи напад поблиску до победа на Србите, Којадиновиќ постигна гол за 27-25 на 90 секунди до крај на дуелот. Германците попуштија пред притисокот, промашија пенал, а Пешмалбек ја запечати победата на Србија за 28-25. До крајот во супер интензивна завршнива Србија поб33ди со резултат 30-27.
Интересен натпревар се одигра и во Осло, каде домаќинот имаше тешка задача и се мачеше против селекцијата на Чешка, но ја совлада со резултат 29-25. Норвешка бркаше негатива од самиот почеток, а ниту трите голови резерва не беа доволни Чесите да имаат мирен натпревар. Финишот на полувремето Норвешка го искористи да го сврти резултатот во своја корист, а Скопар на секунди до паузата ги постави конечните 16-16. Вториот дел продолжи со иницијатива на Чешка и минимална предност, но пресвртот се случи во вториот дел и иако Норвешка немаше висока предност ја контролираше играта до самиот крај. Во групата Ц Норвешка и Франција по две кола се веќе пласирани во следната фаза, а првите бодови ќе ги бараат Чешка и Украина.
Во Малме уште еден домаќин прокнижи сигурни бодови откако во дербито на колото ја совлада Холандија со 36-31. Швеѓаните имаа предност и контрола во поголемиот дел од натпреварот и не дозволија разочарување за својата публика. Сега Шведска има 2 бодa во групата Е, исто колку и Хрватска. Холандија и Грузија ќе ги бараат првите бодови во следниот круг.

























