Денеска се одиграа четири натпревари од Светското првенство во Германија и Холандија, а бундес-тимот отвори победнички.
Германките беа подобри од Исланд со 30-24 во натпревар во кој ја имаа контролата во сите 60 минути, додека селекцијата на Шпанија не виде мака со Парагвај.
Ист беше случајот и со Србија на дуелот со Уругвај, а старт со победа имаше и селекцијата на Црна Гора, која имаше најтешка задача против Фарски Острови.
Србинките беа предводени од Гаровиќ со шест и Јововиќ со пет погодоци, додека кај Црна Гора се истакна Вукчевиќ со пет гола.
Јасно е уште по ова прво коло дека во групата Ц, Исланд и Уругвај ќе се борат за третото место што води во главната рунда, додека во групата Д, Фарски Острови и Парагвај ќе бидат во таква ситуација.
Светско првенство, 1 коло, резултати:
група Ц
Србија – Уругвај 31-19
Германија – Исланд 32-25
група Д
Црна Гора – Фарски Острови 32-27
Шпанија – Парагвај 26-17
























