Привремениот селектор на Србија, Далибор Чутура, го објави конечниот список за завршните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Членот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш, иако беше меѓу потенцијалните кандидати, сепак, повторно нема да добие шанса во националниот дрес.
Чутура за натпреварите против Летонија и Италија повторно ќе смета на неколку млади ракометари – Симо Шијан, Матеја Додиќ, Урош Митровиќ…
Србите на 8 мај ќе играат во Летонија, додека на 11 мај во Краљево ќе ја пречекаат репрезентацијата на Италија, која на првата пресметка славеше против „орлите“ со 31:30.
Во 4-та група, Италија и Шпанија имаат по 6 бода, Србија има 4, додека Летонија е без бодови, па така избраниците на Чутура ќе мора да одиграат според посакуваното на двата натпревари.
Како што е познато, пласман на Европското првенство ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од осумте групи, како и четирите најдобри третопласирани селекции.