Еден од главните проблеми со кои се соочуваат сите клубови (особено женските) е раното откажување од спортот, односно ракометот на младите играчи.
Тренерот на кадетската екипа на ЖРК Вардар, Марија Папуџиева смета дека причината за тоа е отсуство на спортски менталитет.
„Денешните генерации се многу поинакви и работите се многу сменети. Децата не го сфаќаат спортот како начин на живот и има многу откажувања. Постојат и родители кои се обидуваат да влијаат, а и го нема спортскиот менталитет. Оној ментален склоп да се бориш со конкуренцијата, таа издржливост, трпение, инат – загубено е тоа. Конкуренцијата не ги тера да тренираат повеќе и да бидат подобри, да се изборат за своето место, туку ако не се во прва постава се откажуваат (ова давам пример). Мислам дека во периодот на короната се случи крахот, сега полека пробуваме да испливаме на површина. Во машки ракомет е подобра ситуацијата, има и поголем интерес и повеќе екипи. Женските клубови сега се будат, Ѓорче Петров работи многу, Вардар, Струга исто така вложува во младите, Делчево…“
Викенд-интервјуто со Папуџиева може да го прочитате во подолу…
ИНТЕРВЈУ МАРИЈА ПАПУЏИЕВА: На женскиот ракомет му е потребен нов Самсоненко за да „живне“