Португалскиот шампион Порто го загуби неизвесниот дерби натпревар од Спортинг Лисабон со 26-25.
Во преполната „Драгао Арена“, тимот на Никола Митревски имаше негатива на полувремето, 16-13.
Во вториот дел, домаќините успеаја да се вратат во игра, израмнија во финишот на 25-25, а потоа Мартим Кошта беше стрелец на победничкиот погодок за Спортинг.
Капитенот на Македонија бранеше едно полувреме на овој натпревар и успеа да фати пет удари на големиот ривал.
Спортинг Лисабон сега има 33 бодови на првата позиција на табелата, Порто ќе остане втор со 30, додека трета е Бенфика со 27.