ФОТО: РК Спортинг

Спортинг гази сѐ пред себе – ја декласираше и Бенфика

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во ЛШ, Спортинг Лисабон, кој во Битола ќе гостува по две недели, се наоѓа во одлична форма на стартот од новата сезона.

Освен двете стартни победи во елитата, против Висла Плоцк и Фредериција, составот предводен од Рикардо Коста има „четири од четири“ во домашниот шампионат.

Спортинг во 4. коло на свој терен ја пречека Бенфика на Филип Талески, натпреварот требаше да биде дерби, но домаќините одиграа фуриозно триумфирајќи со 16 гола разлика, 38:22.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се одигра на 9 октомври во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:45 часот.

Претходно, во 3. коло Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Динамо Букурешт, додека Спортинг Лисабон на свој терен ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем.