Спектакл во август: Македонија домаќин на регионален турнир, еве ги сите учесници!

Од 28 до 31 август во Скопје во организација на Министерството за Спорт, ќе се одржи регионален ракометен турнир на кој ќе учествуваат најдобрите екипи од Македонија, Србија и Црна Гора во машка и женска конкуренција.

Претставници од Македонија ќе бидат двата најдобри тима – шампионот Еурофарм Пелистер и вицепрвакот Вардар во машка конкуренција, како и првакот и вицешампионот кај дамите, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.

Дополнително ќе се реши каков ќе биде форматот, дали ќе се игра по принципот полуфинале и финале, или по системот секој со секого, а домаќини ќе бидат или СЦ „Борис Трајковски“ или СЦ „Јане Сандански“.

Од Србија доаѓаат Партизан, шампионот кај мажите и Црвена Звезда, шампионот во женскта конкуренција, како и најдобрите клубови од Црна Гора – Ловќен (мажи) и Будуќност (жени).

Организатори на овој пилот проект, кој е од голема важност за регионот и популаризацијата на ракометот како најава за проектот „Регионална лига“, се Министерството за Спорт и Ракометната федерација на Македонија како технички организатор.

Договорот беше постигнат при посетата на Борко Ристовски, министерот за спорт на Македонија, во Црна Гора, каде што беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете земји, а ист таков договор Македонија има и со Србија.

ДОГОВОРЕНО: Македонија домаќин на регионален турнир – доаѓаат најдобрите тимови