Спектакл што не се пропушта: Македонски и европски легенди на ревијален меч во Скопје!

На 29 октомври во спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе се одржи ревијалниот натпревар „Легендите на сцена“, кој ќе обедини генерации ракометни херои – македонски и европски, како дел од прославата на 20 годишнината од постоењето на Спортското Радио 90,3.

Настанот ќе биде вистинско враќање во времето, со настап на најголемите имиња во македонскиот ракомет – Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсовски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Недановски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев…

Покрај домашните асови, организаторот упати покани и до интернационални суперѕвезди кои оставија силен белег во светскиот ракомет, а дел од нив и во македонскиот ракомет – Арпад Штербик, Жоан Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Данил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер…

Овој спектакл ќе го водат имиња кои оставија неизбришлива трага во македонскиот ракомет како Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски и Ристо Магдинчев, а судискиот дел ќе биде доверен на Марјан и Драган Начевски, Горѓи Начевски и Славе Николов, како и Силвана Карбеска и Марија Илиева.

Присуството на овие легенди гарантира спектакл кој ќе ја врати магијата на спортот, ќе ја обедини публиката и ќе понуди незаборавни моменти кои ќе останат запишани во спортската историја на Македонија.