Спартак го надигра Шампион за осма сезонска победа

Ракометарките на Спартак во натпревар од 22. коло во Женската лига целосно го надиграа Шампион со 36:31.

За Спартак денешниот триумф беше 8-ми во тековната сезона и со новите три бодови останува во игра за 7. позиција на табелата.

Избраничките на Велимир Мицевски доминираа во текот на целиот натпревар, на пауза имаа предност од 21:12 и рутински ги одработија вторите 30 минути.

Предводник во победничката екипа беше Мила Мемов со 12 погодоци, додека во поразениот табор прв стрелец беше Ангела Петровски со три гола помалку.

Спартак во следното коло на свој терен ќе го пречека Астибо, а Шампион ќе гостува во Прилеп кај Деспина.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080