Ракометарките на Спартак по пласманот на завршниот турнир во Купот на Македонија, остварија уште една важна победа во Супер женската лига.
Избраничките на Велимир Мицевски славеа против Куманово со 32-28 во натпревар во кој ја имаа контролата скоро во текот на сите 60 минути.
Сега Спартак има десет бода, се наоѓа на шестото место на табелата, зад Куманово со 17 и Вардар кој има 18 на четвртото место, но до крајот ќе има голема борба за местата во Европа.
Гостинките одржуваа резултатска рамнотежа дваесетина минути, но потоа Спартак предводен од Николовска со 11 гола, успеа да создаде залиха од три гола на паузата, 17-14.
Кумановки во вториот дел еднаш само стигнаа до минус два во вториот дел, но домаќинките не им дозволија да помислат на некакво изненадување.
Покрај Николовска, во победничкиот тим по шест гола постигнаа Наталија Максимовска и Зорица Андовска, додека кај Куманово осум гола даде Росана Павлова.

























