СП за кадети нема да се игра во Словенија – ИХФ му го додели на Египет!

Светската ракометна федерација објави дека следното Светско првенство за кадети ќе се игра во Египет во 2025 година.

Иако на ИХФ конгресот во Египет во 2020 година, домаќинството на Мундијалот за кадети во 2025 и беше доделено на Словенија, во конкуренција на Полска и Македонија, сепак најдобрите ракометари во светот до 19 години нема да играат следното лето во Европа.

ИХФ објави дека Египет ќе биде домаќин, и дека имало уште неколку заинтересирани федерации за организација, но „фараоните“ имале најдобра понуда.

Светската куќа на ракометот не потенцираше дали Словенците сами се откажале од организацијата поради финансиските проблеми на тамошната федерација или ИХФ го одземало правото на организација.

Македонската кадетска селекција заврши на 19 место на ЕП во Црна Гора и не успеа да обезбеди мундијалски билет, бидејќи таква шанса добија селекциите од 1 до 15 место, вклучувајќи ја и Словенија, која заврши на 9 место.

За Европа беа предвидени 15 места на СП, па може да извисат Фарски Острови, кои завршија на 15 место на ЕП во Црна Гора. Македонија може да се надева на место на СП со вајлд-карта, а веројатно ИХФ ќе ма такви две на располагање по пополнувањето на местата од другите континенти. Сепак на листата на чекање пред Македонија се Австрија, Израел и Полска, кои завршија пред нашата селекција во Црна Гора.

СП за кадети во Египет ќе се игра следното лето од 6 до 17 август.