Денеска со натпреварот меѓу Ангола и Македонија, односно Франција и Германија, беше комплетирано последното, 3. коло од групната фаза на Светското младинско првенство во Скопје.
По комплетирањето на колото, познати се сите патници во главната фаза, во која ќе учествуваат вкупно 16 држави. Македонија со победата над Ангола се пласираше на второто место во групата Х и си обезбеди пласман во главната фаза на СП.
Во ТОП 16 ќе играат уште Шведска, Франција, Германија, Црна Гора, Португалија, Исланд, Холандија, Романија, Швајцарија, Египет, Унгарија, Јужна Кореја, Данска, Норвешка и Кина.
Главната фаза на Светското младинско првенство ќе започне утре, исто така и натпреварите од Президент Купот, во кој ќе играат репрезентациите кои не обезбедија пласман во главната фаза, стартуваат во текот на утрешниот ден.
Македонија настапот во главната фаза ќе го стартува со дуел против Португалија на 24 јуни, потоа на 25 јуни игра со Црна Гора.