Денеска на Светското младинско првенство во Скопје стартуваа натпреварите од главната фаза, како и од Президент Купот.
По денешните одиграни натпревари, познати се четири патници во четвртфиналето на младинскиот Мундијал.
Репрезентацијата на Швајцарија, која главната фаза ја стартуваше со два бода, ја изненади Романија, триумфираше со 27:26 и си обезбеди пласман во ТОП 8.
Холандија со победата над Египет од 20:17 се чекираше за четвртфиналето и „лалињата“ сега ќе посакуваат да направат чекор повеќе.
Во четвртфиналето ќе играат и репрезентациите на Унгарија и Данска, кои денеска беа подобри од Норвешка, односно Јужна Кореја.
Унгарија против Норвешка славеше со пет гола разлика, 31:26, додека Данска ја надигра Јужна Кореја со 29:23.