Денеска на Светското првенство во Македонија беа одиграни дел од натпреварите од второто коло, по што се познати осум учесници во главната фаза.
Од првата група, место во ТОП 16 обезбедија репрезентациите на Холандија и Романија, додека Бразил и Иран ќе играат во Президент Купот.
Репрезентациите на Шпанија и Египет се учесници во главната фаза од групата Б, во која се уште Тунис и Чиле.
Унгарија и Јужна Кореја од групата Ц патуваат во главната фаза, овие две репрезентации веќе имаат по четири бодови, кои беа остварени со победите над Аргентина, односно Мексико.
Двете скандинавски селекции во групата Д – Норвешка и Данска сосема очекувано без проблеми минаа на првите два натпревари, против Јапонија и Тајван.
Репрезентацијата на Македонија утре против Исланд ќе го одигра вториот натпревар на младинскиот Мундијал.