Денеска на Светското младинско првенство во Македонија се комплетираше првото коло од главната фаза, по што е познат и претпоследниот патник во четвртфиналето.
Меѓу најдобрите осум репрезентации се пласираше Исланд, кој со победата над Црна Гора од 35:27 дојде до четири бодови во својата група.
Претходно, пласман во ТОП 8 на младинскиот Мундијал обезбедија и Франција, Шведска, Унгарија, Данска, Швајцарија и Холандија.
За последниот билет во играа останаа Португалија и Македонија, кои денес одиграа возбудлив натпревар, а на крајот немаше победник.
Утре Македонија против Црна Гора ќе го одигра последниот натпревар во главната фаза.
Македонија пропушти голема шанса – освои само бод против Португалија