Денеска со три средби беше комплетирана главната рунда на Мундијалот во Германија и Холандија, па познати сите четвртфинални парови.
Во групата 3, домаќинот Холандија го надигра светскиот првак Франција и славеше со 26-23. Ван Ветеринг и Марсалкерверд дадоа по пет гол за победникот, додека Хорачек беше најдобра кај Франција.
Со ова „лалињата“ го освоија првото место во групата и во четвртфиналето ќе се соочат со Унгарија.
Во другите два меча од групата 3, кои имаа значење само околу конечниот пласман, Полска беше убедлива против Австрија, а Аргентина беше подобра од Тунис за еден гол.
Светско првенство, главна рунда, резултати:
група 3
Франција – Холандија 23-26
Тунис – Аргентина 29-30
Полска – Австрија 35-30
табела: 1. Холандија 10, 2. Франција 8, 3. Полска 6, 4. Австрија 2, 5. Аргентина 2, 6. Тунис 2
четвртфинале:
Дортмунд
9 декември
17:15 Германија – Бразил
20:30 Норвешка – Црна Гора
Ротердам
10 декември
18:00 Холандија – Унгарија
21:00 Франција – Данска
Во полуфиналето вкрстуваат победниците од паровоите Норвешка/Црна Гора и Холандија/Унгарија, односно Германија/Бразил и Франција/Данска.

























