Европскиот првак Норвешка без никакви проблеми ја надигра селекцијата на Чешка со 23 голови разлика и си го обезбеди местото во четвртфиналето на Мундијалот.
Во последното коло против Бразил ќе се реши која селекција ќе биде на првото место во групата 4.
Покрај Норвешка, уште една сканди селекција – Данска, по триумфот над Швајцарија со 36-23 го обезбеди местото во четвртфинале.
Од оваа група покрај Данска, во ТОП 8 оди и Унгарија, без разлика на исходот на мечевите од последното коло.
Светско првенство, главна рунда, резултати:
група 1
Романија – Сенегал 37-17
Јапонија – Унгарија 26-26
Швајцарија – Данска 23-36
табела: 1. Данска 8, 2. Унгарија 7, 3. Романија 4, 4. Јапонија 3…
група 4
Ангола – Бразил 26-32
Шведска – Јужна Кореја 32-27
Чешка – Норвешка 14-37
табела: 1. Бразил 8, 2. Норвешка 8, 3. Ангола 4, 4. Шведска 4…

























