Светскиот првак Франција без особени проблеми со три од три ја заврши групната фаза на Мундијалот во Германија и Холандија, откако ја наполни мрежата до врв на Полска.
Французинките минаа во главната рунда со максиум бодови, а трет патник од групата Ф понатаму е Тунис, кој беше подобар од Кина.
Од групата Е, домаќинот Холандија не наиде на голем отпор од Австрија, па оди со четири бода во главната рунда.
Од оваа фаза веќе стартуваше групата 3, која донесе големи возбудувања само на дуелот меѓу Шпанија и Србија, додека фаворитите Црна Гора и Германија запишаа убедливи победи, па борбата за четвртфиналето станува се понеизвесна.
Светско првенство, 3 коло, резултати:
група Е:
Аргентина – Египет 27-14
Холандија – Австрија 34-22
табела: 1. Холандија 6, 2. Австрија 4, 3. Аргентина 2, 4. Египет 0
група Ф
Тунис – Кина 34-28
Франција – Полска 41-28
табела: 1. Франција 6, 2. Полска 4, 3. Тунис 2, 4. Кина 0
Светско првенство, главна рунда, 1 коло, резултати:
група 2
Шпанија – Србија 29-31
Исланд – Црна Гора 27-36
Германија – Фарски Острови 36-26
табела: 1. Германија 6, 2. Црна Гора 4, 3. Србија 4, 4. Шпанија 2, 5. Фарски Острови 2, 6. Исланд 0


























