СП 2025: Германија е прв четвртфиналист – ја торпедира Црна Гора!

Домаќинот Германија е првиот четвртфиналист на Мундијалот, откако успеа да ја совлада Црна Гора со убедливи 36-18.

Уште по првите десетина минути беше 9-0 за домаќинот на СП и беше јасно каков меч ќе има до крајот.

Најдобра ракометарка во германскиот состав беше Нина Енгел, со шест гола, а кај Црна Гора по три гола постигнаа Јауковиќ, Вукчевиќ и Тривиќ.

Франција имаше мали проблеми со Австрија во првото полувреме, но „нагази“ во вториот дел и комплетно го надигра ривалот за убедлива победа.

Светско првенство, главна рунда, резултати:

група 2
Србија – Фарски Острови 31-31
Црна Гора – Германија 18-36
20:30 Исланд – Шпанија

табела: 1. Германија 8, 2. Србија 5, 3. Црна Гора 4…

група 3
Аргентина – Полска 25-28
Франција – Австрија 29-17
20:30 Холандија – Тунис

табела: 1. Франција 6, 2. Холандија 4, 3. Полска 4….

Президент Куп

група 1
Хрватска – Иран 38-9
Уругвај – Парагвај 20-23

група 2
Египет – Кина 32-35
Куба – Казахстан 29-28