Селекцијата на Бразил е на добар пат да обезбеди четвртфинале на Мундијалот, откако славеше против Јужна Кореја со 32-25.
Бразилките имаа проблеми само во првите дваесетина минути, а откако ја преземаа контролата до паузата направија плус пет, 16-11 и во вториот дел само рутински само ја довршија работата.
Унгарките исто така продолжуваат со одличните игри и ја совладаа Романија со 34-29. Катрин Клујбер даде седум гола за победничката селекција, а исто толку даде Сорина Грозав за Романките кои овој пораз ги оддалечи од борбата за ТОП 8.
Светско првенство, главна рунда, 1 коло, резултати:
група 1
Унгарија – Романија 34-29
Јапонија – Швајцарија 27-21
20:30 Данска – Сенегал
табела: 1. Унгарија 6, 2. Данска 4, 3. Романија 2, 4. Јапонија 2, 5. Швајцарија 2, 6. Сенегал 0
група 4
Бразил – Јужна Кореја 32-25
Чешка – Ангола 25-28
20:30 Норвешка – Шведска
Табела: 1. Бразил 6, 2. Норвешка 4, 3. Ангола 4, 4. Шведска 2, 5. Чешка 0, 6. Јужна Кореја 0

























