Репрезентацијата на Јапонија со победа ја отвори главната фаза на Светското ракометно првенство, славејќи над Швајцарија со 27-21.
„Самурајките“ имаа предност од три гола на полувремето (13-10), а во вториот дел со сигурна и концентрирана игра целосно го скршија отпорот на Швајцарките.
Швајцарија немаше сили за камбек, па Јапонија ги освои првите бодови во главната рунда. Најдобар стрелец беше Нацуки Аизава со осум гола, а кај Швајцарките се истакнаа Шмид и Голдман со по пет погодоци.
Победа запиша и Ангола, која ја совлада Чешка со 28-25, а предводник на африканскиот првак беше Вилма Ненганга со осум погодоци, додека кај Чешка се истакна Елишка Десортова со шест гола.


























