На коло пред крајот во групата 3, селекциите на Франција и Холандија го потврија пласманот во четвртфиналето.
Двете селекции во последното коло во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде прв или втор, а „лалињата“ исто како и вториот домаќин на СП, Германија, одат во ТОП 8.
Холанѓанките немаа никакви проблеми против Полска и славеа со 11 голови разлика, а Бо Ван Ветеринг беше најдобра со шест голови.
Во неважен натпревар кој ќе одлучува само за вкупниот пласман на СП, Исланд ги победи Фарски Острови со 33-30.
Во четвртфиналето на СП пласман обезбедија Норвешка, Бразил, Германија, Црна Гора, Данска, Унгарија, Франција и Холандија, а двојките ќе бидат познати утре, односно задутре.
Светско првенство, главна рунда, резултати:
група 2
Шпанија – Германија 25-29
Црна Гора – Србија 33-17
Фарски Острови – Исланд 30-33
табела: 1. Германија 10, 2. Црна Гора 6, 3. Србија 5, 4. Шпанија 4, 5. Фарски Острови 3, 6. Исланд 2
група 3
Аргентина – Франција 17-29
Австрија – Тунис 25-27
Полска – Холандија 22-33
табела: 1. Франција 8, 2. Холандија 8, 3. Полска 4, 4. Австрија 2, 5. Тунис 2, 6. Аргентина 0

























