СП 2023: Светскиот првак преку Словенија до четвртфинале, Холандија не виде мака со Украина

Еден од трите домаќини, Норвешка, оствари нова победа на Мундијалот, откако славеше лесно против Словенија со 34-21.

Херем ги предводеше стрелците кај Норвешка со шест погодоци, додека по пет гола дадоа Офтедал, Мерк и Реистад.

Кај Словенките, десните бекови Алја Варагиќ со пет и Ана Грос со четири погодоци беа најдобри стрелци.

Норвешка и Франција се на врвот на табелата со по осум бода и веќе се четвртфиналисти на Мундијалот во групата 2.

Селекцијата што ја елиминираше Македонија во бараж средбата за СП, Украина, доживеа нов пораз, овојпат од Холандија со 40-21.

Волебрегт со шест и Абинг со пет гола ги предводеа „лалињата“, а кај Украина се истакна Шукал со пет погодоци.

Во групата 4, Холанѓанките се први со осум бода, Шпанија и Чешка имаат по шест, а Бразил е на четвртото место со четири бода, но има шанси да биде патник во четвртфиналето.