Селекцијата на Црна Гора уште пред мечот со Шведска, дозна дека обезбеди место во четвртфиналето, па типично балкански се опушти и загуби убедливо од еден од домаќините.
Швеѓанките остварија лесен триумф со 32-25 што беше доволно за првото место во групата, кое за ривал им ја донесе Германија.
Најдобри стрелци во шведскиот состав беа искусните Хагман и Робертс со по шест гола, додека кај Црна Гора се истакна Деспотовиќ со исто толку.
Германките исто така во битка за првото место во групата играат со вториот домаќин Данска и загубија со 30-28.
Предводнички во победата кај Данска беа Фрис со седум и Хансен со шест гола, а Болк беше најдобар кај Германија.
Светско првенство, 5 коло, резултати:
Црна Гора – Шведска 25-32
Германија – Данска 28-30
Светско првенство, четвртфинале:
Франција – Чешка
Норвешка – Холандија
Данска – Црна Гора
Германија – Шведска